Верување, Видео

Видео: Даветски излет 2023 година во Скопје од страна на тимот АДАМ

На ден 26.08.2023 година Тимот на проектот АДАМ (Да се биде или не (Бити или Не бити)) од страна на ефендија Фејзо Радончиќ и Мичко Кадиќ дојде во еднодневна посета на Скопје.

Continue reading “Видео: Даветски излет 2023 година во Скопје од страна на тимот АДАМ”
Верување, Верување во Аллах, Повратници во ислам

Потешкотии на една христијанка која сака да го прифати исламот?!

Прашање:

Јас сум млада христијанка и читам за исламот веќе неколку месеци. Сум го читала преводот на Куранот и неколку други книги за исламот преку интернет и слично. Постојат некои работи што сеуште ме бунат и ми внесуваат сомнеж и имам тешкотии со прифаќање на некои правила поврзани со исламот. Сепак верувам во Бог и дека Мухаммед е Негов пратеник и дека Куранот е Објава од Бог.

Continue reading “Потешкотии на една христијанка која сака да го прифати исламот?!”
Верување, Верување во Аллах, Настани од свет, Повратници во ислам

Белгијанка која беше причина 1000 луѓе да прифатат ислам

convert1Вероника Кулс, дваесетпетгодишна Белгијка која прифатила ислам, во изминатите осум години помогнала повеќе од 1.000 лица исто така да го најдат својот мир и прав пат во исламот. Continue reading “Белгијанка која беше причина 1000 луѓе да прифатат ислам”

Верување, Верување во Аллах, Дијалог, Настани од земјата, Повратници во ислам, Разно

Македонски универзитетски професор прифати ислам во Турција

profesorkaСлавица Јакимовска, универзитетски професор во Македонија, премина во ислам на пригодна церемонија којашто се одржа во подрачјето Едремит во турскиот град Баликесир, кој таа го посети како турист, јавува Anadolu Agency (AA).

Јакимоска, професорка во Европскиот универзитет во Македонија, се пријавила во градското муфтиство во Едремит, и рекла дека го прифатила исламот и донела одлука да стане муслиманка, при што е организирана свеченост во муфтиството.

Јакимовска, која по преминување во ислам го смени своето име во Мушфика, изјави дека околу исламот била информирана и имресионирана од страна на нејзин студент кој од Турција дошол во Македонија на студии, при што, како што рече, одлучила да премине во ислам.

Професорката Јакимовска раскажа дека значајна улога во преминување во исламот имала нејзината импресионираност од гостопримството на муслиманите кои ги посетила во Скопје, секако, и читањето на преводот на Куранот на македонски јазик, кој го прочитала двапати.

Јакимовска го изговори шехадетот и рече дека нејзината прва желба е да ги посети светите места Мека и Медина.

Саит Емин Арвас, муфтијата на градот, по церемонијата рече: „Сега станавме браќа и сестра. Отсега понатаму вие станавте сестра на сите муслимани, пред сè на божјиот пратеник Мухамед“. Тој додаде дека досега бил сведок на повеќе вакви церемонии.

„Бевме сведоци како бројни лица, припадници на различни религии или пак атеисти, преминуваат во ислам. Но, бевме импресионирани од тоа што една универзитетска професорка од Македонија се пријави во муфтиството во Едремит и рече дека сака да стане муслиманка, како и од нејзината искреност на оваа церемонија“, рече тој.

Муфтијата Арвас на Јакимовска ѝ подари книги на турската Управа за верски прашања објавени на француски јазик, како и шамија и сеџаде.

извор: Anadolu Agency (AA)

Верување, Верување во Аллах, Верување во Свети Книги, Дијалог, Настани од свет

Најмалку милион и пол американци преминале во ислам

Според CNN после 11 септември во САД голем број на Американци прифатиле ислам.
Исламот во Америка е присутен уште од 18 век. Според веродостојни документи, прв муслиман кој стапнал на тлото на САД бил Јуба Сулејман Диалло, Сенегалец, кој што трговците со робови во 1731 година го заробиле и го донеле како роб во САД.
Историјата ќе ја оставиме за друга прилика, нашата приказна за исламот во САД се преселува во 21 век, поточно во времето после 11 септември. Пред неколку дена најмоќната телевизија во светот CNN објавила прилог за преоѓањето на Американците во ислам после 11 септември 2001 година. Според CNN после 11 септември во САД голем број Американци преминале во ислам.
Во склоп на спомнатиот прилог објавени се бројни исповеди на Американци кои што наведуваат дека трагајќи по одговорите за исламот после шокантниот напад во Америка на 11 септември 2001 година, добиле одговори кои ги упатиле во ислам. Во контекст на приказната за исламот после 11 септември, CNN наведува дека денес во САД, има околу 6 милини муслимани, од кои 1 милион преминале во ислам. CNN не изнел конкретни податоци за бројот на Американците кои после 11 септември 2001 година го прифатиле исламот, и се задржале на констатацијата дека се работи за голем број на Американци.
Со истата тема како и CNN во последно време се занимавала и уште една угледна американска телевизија, збор е за каналот NBC News. Според телевизијата NBC News, после 11 септември 2001 година голем број Американци сакале да дознаат повеќе за исламот. Книгите и другите пишани, аудио и видео материјали тие денови биле многу барани насекаде во Америка.
Зголеменото интересирање за исламот имало за последица да десетина илјади Американци се решат да го прифатат исламот. NBC News наведува конкретна бројка на Американците кои што на годишно ниво го прифаќаат ислам : „ После 11 септември над 20 илјади Американци годишно го прифаќаат исламот.“ исто така NBC News наведува дека, благодарение на брзиот пораст на бројот на муслиманите во последните години, денес во САД има помеѓу 7 и 8 милиони муслимани, меѓу кои голем број се родени Американци кои последните години преминале во ислам.

Извор: САФФ