Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во Свети Книги, Дијалог, Историја, Толкување на Куранот

Детството на Исус (Иса а.с.)

Исус, според повеќето исламски преданија и христијански извори е роден во Витлеем во близина на Ерусалим. Вехб ибн Мунебих вели дека е роден во Шам и дека Мерјем со Јусуф ибн Јакуб (Јосиф син на Јаков) отпатувала на неоседлано магаре за Египет. Continue reading “Детството на Исус (Иса а.с.)”

Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Дијалог, Наука и здравје

Нелогичноста на застапниците на тројството

Следниве примери се прилично вообичаени:

– Тројството е како трите дела на јајце: школка, белка и жолчка.

Continue reading “Нелогичноста на застапниците на тројството”

Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во Свети Книги, Историја

Точниот датум на раѓањето и на „смртта“ на Исус не е познатa

Во христијанството, Исусовото раѓање (т.е. „божиќ“) се слави на 25 декември според Грегоријанскиот календар и на 7 јануари според Јулијанскиот календар. Continue reading “Точниот датум на раѓањето и на „смртта“ на Исус не е познатa”

Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Училница

Дали Исус е единствен Божји син?

2014075949jnk-p[1]

На ова ќе одговориме со Евангелието:

„..синот на Адам, синот Божји.“ (Евангелие по Лука, 3:38)

„И кажа Господарот на Мојсие: кога ќе отидеш и ќе се вратиш во Миср(Египет), гледај да ги сториш пред Фараонот сите чуда кои ќе ти се најдат при рака; а Јас ќе сторам да му окоравее срцетои да не го пушти народот. А ти ќе му речеш на Фараонот: „вака вели Господарот: ‘Израел е синот мој, првенец мој.’(Стар Завет, Псалми на Давид, 2:7)

Според она што го потврдува Светото писмо и што самиот Отец го изјавил, Давид е неговиот втор син.

„Нека е благослов врз оние кои мирот го градат (миротворците) бидејќи ќе бидат наречени синови божји. (Евангелие по Матеј, 5:9)

Кога ќе го проследиме изразот „синот божји“ во Библијата ќе наидеме на голем број „синови Божји “, така што Исус не е Божји син поединец. Од тоа може да заклучиме дека Библијата го користи називот „Божји син“ симболично за добриот и побожниот или одбраниот, односно чист човек. Тоа што сме го навеле нè наведува до клучното прашање а тоа е:

Кој е Исус?

Откако направивме анализа на доказите од евангелијата кои потврдуваат дека Аллах е еден, а не тројца, дека Исус не е Бог, ниту дел од Бог, како и тоа дека не е еднаков на Бог и дека не син Божји во буквална смисла, треба да го поставиме прашањето: Кој е Исус?

Исус човекот

Неколку пати укажавме дека Исус во Евангелијата е опишан како човек или син човечки, а во продолжението ќе наведеме некои од стиховите кои го потврдуваат тоа.

„Луѓе Израелци! Послушајте ги овие зборови: Исус од Назарет, човек од Бог потврден помеѓу вас со силите, чудесата и знаците кои Бог ги стори преку него помеѓу вас.“ (Дела Апостолски, 2:22) Овие зборови ги изговори Петар, Исусовиот следбеник и близок пријател, кој одблизу бил сведок на некои настани.

Дојде синот човечки кој јаде и пие..“(Евангелие по матеј, 11:19)

Многу од народите кога ги слушнаа овие зборови кажуваа: „Овој навистина е пратеник.“ (Евангелие по Јован, 7:40)

„Но вие сега гледате мене да ме убиете, а јас сум човек кој вам вистината ви ја кажа која ја слушна од Бог.“ (Евангелие по Јован, 8:40) Некои од Библиите не ја откриваат оваа вистина отворено, затоа провери што кажува твојата Библија за овој критичен миг од неговиот живот во кој Исус посведочил за себе дека е човек. Зошто тој јасно и директно не кажал: „Но вие сега гледате мене да ме убиете, а јас сум отелотворување на Бог кој вам вистината ви ја кажа.“ Дали може да се замисли дека тој вистината ја криел?

Исус како пратеник

А народот кажуваше:„Ова е Исус пророкот од Назарет галилејски.“ (Евангелие по Матеј, 21:11)

(Исус) Кажа пак:„Навистина ви велам: Никаков пророк не е прифатен од своето родно место. (Евангелие по Лука, 4:24)

„Навистина ви велам: Не е робот поголем од господарот свој, ниту пратеник од оној кој го испратил.“ (Евангелие по Јован, 13.16)

„А луѓето кога го видеа чудото кое го стори Исус говореа:„ Ова е навистина оној пророк кој треба да дојде на свет.“ (Евангелие по Јован, 6:14)

„…за Исус Назаренецот, кој беше Пратеник.“ (Евангелие по Лука, 24:19)

Ова се некои од библиските стихови кои појаснуваат дека Исус бил Пратеник и Веровесник на Единиот вистински Бог. И по втор пат велиме, Исус никаде во библијата не е наречен како Бог.

И последната важна критичка информација за Исус

„Тој во деновите на телото свое, На оној кој може да го избави од смртта му принесе молитви и молби со силно викање и со солзи и беше утешен по својата побожност.“ (Павлово писмо на Евреите; 5:7)

Кои заклучоци можеме да ги изведеме од претходните библиски цитати? Претходните цитати формираат единствена порака за постоење на само еден Бог.

„Пред мене не постоел Бог ниту после мене ќе постои Јас сам сум Господар и освен мене нема Спасител.“ (Стар Завет, Исаија 43:10)

„Бидејќи Јас сум Господар Бог твој, Бог кој е љубоморен..“ (Стар Завет, Излез, 2 книга Мојсеева, 20:5)

Библијата е преполна со стотици вакви потврди, она што се спротивставува е во многу мал број во споредба со наведените. Те молам прочитај ја следната констатација поврзана со овој заклучок: Поенатата која стално се повторува е дека Исус е веровесник на Единиот вистински Бог, кој го создал Исус, нас и сето останато. Откако што стасавме на крајот на патувањето во кое што ја баравме вистината, би сакал да те испратам со некои прашања за размислување:

  • Зарем не е ова вистинско време работите да се стават на местото на кое му припаѓаат?
  • Зарем не е ова вистинско време да се стави Исус на местото на кое му припаѓа, да биде почитуван како човек и пратеник на Единиот вистински Бог?
  • Зарем не е ова вистинско време да се вратиме на нашиот Единствен вистински Бог и Создател, само Него да го обожуваме, пред да биде доцна?

                                                        Констатација

Многумина кои ја проучуваат Библијата веруваат дека Павле, кој е роден во петта година од новата ера, ги преобличил темелните верувања на христијанството, кои ги вклучуваат „светото тројство“ божественост на Исус, првобитниот грев, распетието, спасот преку Исусовата крв итн. Затоа, помеѓу истражувачите многу е прифатена теоријата дека Павле ги пишувал своите писма пред четирите евангелија кои подоцна потпаднале под влијание на Павловите верувања и учења. Разидуваата помеѓу Павловите учења и оригиналната Исусова порака довела до оваа голема нејаснотија која ја гледаме денес во однос на прашањето за природата на Бог. За повеќе информации на оваа тема вратете се на мојата следна книга: „Каде е грешката?“

                                                      Последна мисла

После критичното, внимателно и непристрасно читање на оваа мала книга, секој сериозен, поверлив и искрен истражувач за вистината може да постави неколку прашања, како што се:

  • Што е вистината?
  • Кој е вистинскиот Бог?
  • Која е вистинската посланица?
  • Каде е грешката?

После критичното исчитување на оваа мала книга, би сакал да ги слушнам вашите мислења. За повеќе информации, прашања, предлози и одговори немојте да се колебате, контактирајте ме.

Верување, Верување во Аллах, Верување во судниот ден, Видео, Исламофобија, Настани од свет, Толкување на Куранот

Нетфликс ги навреди христијаните и муслиманите со најновиот филм за Исус (Иса а.с.)

Божиќна сатира на Нетфликс на која се прикажува Исус во геј врска предизвика реакција во Бразил и ширум светот. Continue reading “Нетфликс ги навреди христијаните и муслиманите со најновиот филм за Исус (Иса а.с.)”

Верување, Дијалог, Разно

ИСА (Исус) А.С. И НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ

Вехб ибн Мунеббих раскажува дека: „Излегол Иса а.с. со неговите ученици на пат, и при крајот од денот, поминале покрај една созреана нива. Учениците му рекле: „О Божји пратенику, ние сме огладнети!“

Continue reading “ИСА (Исус) А.С. И НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ”
Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во судниот ден, Повратници во ислам, Толкување на Куранот, Училница

Ние веруваме во Исус (2 дел)

Необичното раѓање на Исус (нека е мир врз него!)

Continue reading “Ние веруваме во Исус (2 дел)”
Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во судниот ден, Етика, Толкување на Куранот

Ние веруваме во Исус (1 дел)

автор: Солиман Н. Албути)

Continue reading “Ние веруваме во Исус (1 дел)”
Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Дијалог, Историја, Медиумски сервис

Според еден христијански теолог Исус не бил распнат на крст!

Гунар Самуелсон од универзитетот во Гетебург, смета дека легендата за неговото погубување повеќе се базира на традициите на христијанската црква и уметничките илустрации, отколку на автентични антички текстови. Тој вели дека Библијата е погрешно протолкувана бидејќи никаде директно не се спомнува употребата на шајки или распетие, само тоа дека Исус носел “стаурус”, што во исто време може да значи и стап.

“Проблем е тоа што во античката литература не постојат описи на распетија. Изворите кои би очекувале да го поткрепат општоприфатеното сфаќање на настанот, всушност не кажуваат ништо за тој момент”, Самуелсон ја објаснува својата теза, изнесена во 400 страници.

Древната грчка, латинска и хебрејска литератира од Хомер до првиот век од новата ера, опишуваат палета од казни, но никаде не се спомнуваат крстови или распетија. Освен тоа, ни Новиот Завет не открива онолку, колку што ние би сакале да веруваме, нагласува теологот.

Доказите дека Исус бил оставен да умре прикован на крст се изненадувачко ретки, и во древната претхристијанска и небиблиска литература, но и во самата Света Книга. Самуелсон, кој и самиот е посветен христијанин, тврди дека текстовите посветени на погубувањето, не опишуваат како Христос бил прикачен на “направата за егзекуција”.

“Тоа е срцето на проблемот. Писанијата не се толку прецизни и полни со информации, како што ние христијаните би сакале да бидат. Постојат пишани докази за постоењето на Исус. Јас лично верувам дека споменатиот човек  е „божји син“. Мојата намера не е да ги убедам христијаните да се сомневаат во библиските текстови, туку да ги читаат такви какви што се а не какви што мислат дека се. Да не читаат меѓу редови. Содржината на Библијата е сосема доволна, нема потреба да додаваме нешто”, резимира тој.

 

Превземено од http://on.net.mk/zhivot/isus-ne-bil-raspnat-na-krst

Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Училница

Дали Исус е Бог во евангелијата?

ChurchIn-empty1[1]

Дали Исус е Бог или дел од Бог?

Да прoчитаме внимателно, објективно и критички во следните исечоци од првите десет стихови на четвртото поглавје на Евангелието по Матеј.

огаш Исус го воздигна Дух во пустината за да биде искушан од ѓаволот И постејќи четериесет дена и четериесет ноќи, накрајот огладна.(…) Повторно ѓаволот го зема и го одведе во гората многу високо и му ги покажа сите царства на овој свет и славта нивна, И му кажа: „сето ова ќе го дадам на тебе доколку паднеш ничкум и ми се поклониш.“ (Евангелие по Матеј;4:1-9)

Дали овие стихови во тебе разбудија некакви мисли и прашања? Преводот не е потполно прецизен и можеби поправилно ќе беше да се каже дека Исус беше воден од страна на Духот за да биде на крајот заведен од страна на ѓаволот. Дозволи ми да со тебе споделам неколку прашања и некои мисли кои ми привлекоа внимание по читањето на претходните стихови:

  1. Евангелието вели: Исус беше одведен од страна на Духот во пустината…, а јас се прашувам: Кој ја поседува силата и одговорноста овде? Дали е тоа Исус или Дух? И зошто Исус не се одведе самиот себе си во пустината, ако е Бог? Дали на Бог му е потребен некој да го води?
  2. На основа на она што го потврдува претходниот стих, ѓаволот го искушал Исус кој некои христијани го сметаа за Бог. Овде се поставува логично и едноставно прашање: Дали е можно Бог да биде искушан? Самото Евангелие нè известува дека Бог не може да биде искушан и Исус говорел за оваа вистина во истата приказна поврзана со искушенијата. Истото го рекол и Исусовиот брат Јаков:

„Бог неможе ѓаволот да го искуша и самиот Бог не искушува никого.“(Јаков, 1:13)

  1. Евангелието пренесува дека Исус бил гладен откако постел 40 дена и 40 ноќи. Да го анализираме разумно овој стих и да размислиме за него: Дали Бог пости? За кого постел Исус? За себе како Бог? Или за некој многу поголем од него? Дали Бог чувствува глад и жед? Низ приказната за Исусовото искушение која ја наоѓаме во неколкуте евангелија, откриваме дека ѓаволот го придвижил Исус и управувал со него. Дали тоа ѓаволот го правел со Исус како човек или Исус како Бог? Ако тоа го правел ѓаволот, на Исус како човек, каде е доказот? Ако го правел на Исус како Бог, во што е доказот? Дали е можно искушението и придвижувањето на Бог и управување со Него? Да се сетиме на зборовите на Јаков: Бог неможе да биде искушан од ѓаволот…

***

Исус на самиот крај разговара со ѓаволот и откако ѓаволот бара од него да му се поклони тој вели:

                        „На Господарот свој моли му се и само Него единствено обожувај Го.“ (Евангелие по Матеј, 4:10)

{Во англиската верзија на преводот стои: „Обожувај Го Господарот и Богот Свој и само нему служи Му.“(Евангелие по Матеј, 4:10)}

Ако Исус бил отелотворение на Бог, требало со леснотија да одговори: „Не сотоно, ти треба на мене да ми се поклониш, бидејќи јас сум твојот Бог.“ Меѓутоа, наместо со тоа, тој дошол со претходно спомнатиот говор во кој се говори за обожувањето на Единствениот вистински Бог.

Од друга страна, од оваа приказна ги научивме следните работи:

  1. Дека ѓаволот го видел Исус;
  2. Дека ѓаволот му се обратил на Исус;
  3. Дека ѓаволот го слушнал Исус;
  4. Дека ѓаволот го зел Исус;
  5. Дека ѓаволот го водел Исус;
  6. Дека ѓаволот разговарал со Исус.

Те молам прочитај го целото кажување за искушението на Исус во Евангелието по Матеј, четврто поглавје, првите десет стихови, имајќи на ум дека Евангелието експлицитно укажува на тоа дека Бог неможе да се чуе и да се види:

…кого никој од луѓето не го видел ниту може да го види...(Писмо на Тимотеј, 6:16)

Ниту глас негов не слушнавте ниту лице негово не видовте.(Евангелие по Јован, 5:37)

А Владетелот вечен, Кој не исчезнува, Кој не се гледа, Единствениот премудар Бог честа и слава нека му е засекогаш. (Писмо на Тимотеј, 1:17)

Додавајќи го наведеното, се прашувам, пред завршетокот на ова поглавје за Исусовиот живот; зарем не го слушнало и видело неговото семејство? Зарем не го слушнале и виделе луѓето и неговите следбеници за време на неговиот живот на Земјата?

Заради тоа и заради наведените Божји особини во претходните стихови, Исус неможе да биде Бог. Зарем тоа не е разумно и логично? Според тоа и заради наведените Божји особини во претходните стихови, Исус неможе да биде Бог. Зарем тоа не е разумно и логично? Според тоа што е вистината? Размисли за тоа.

***

Да свртиме внимание сега на некои други критични прашања:

  • Дали Бог Отецот, Бог синот и Бог Светиот Дух се еднакви?
  • Дали Бог синот (Исус) е еднаков на Бог Отецот?
  • Дали Бог Синот (Исус) е еднаков на Бог Светиот Дух?

Да погледнеме што вели самиот Исус:

(идам кон Отецот) бидејќи Отецот мој е поголем од мене. (Евангелие по Јован, 14:28)

Отецот мој кој ми ги даде е поголем од сите. (Евангелие по Јован, 10:29)

Мојата наука не е моја, туку на Оној кој ме испратил.(Евангелие по Јован, 7:16)

Јас не можам ништо да правам сам од себе; како слушам така и судам и судот мој е праведен; бидејќи не ја барам волјата моја туку волјата на Отецот кој ме испрати. (Евангелие по Јован, 5:30) Повратната заменка овде се враќа на Исус.

А за денот тој и за часот тој никој незнае, ниту ангелите кои се на небото, ниту синот, туку Отецот. (Евангелие по Марко, 12:32)

По читањето на овие и други потврди кои ги кажал Исус, што можеме да заклучиме? После Исусовата вистинита и сигурна потврда дека вистинскиот и единствен Бог Отец е поголем од него и од Светиот Дух, потоа, тоа што го знае не е од него самиот, односно дека она што го знае не е од него самиот, дека тој и светиот дух незнаат ништо за Судниот ден и дека тој сам од себе ништо неможе да стори, искрениот барател за вистината треба да го прифати она што Исус го кажал за себе си и да не го прави Бог или некој кој е еднаков на Бог.