Медиумски сервис, Настани од свет

Геноцид во Газа 32 ден по ред

⚡️ Моменти од прес-конференцијата на шефот на владината канцеларија за медиуми, Салама Мааруф, за исходот и ефектите од тековната ционистичка агресија и холокауст врз Појасот #Газа триесет и втор ден по ред:

Continue reading “Геноцид во Газа 32 ден по ред”
Верување во Аллах, Медиумски сервис, Наука и здравје

Посетете ја Виртуелно Пратениковата џамија!


Саудиска Арабија направи тридимензионална виртуелна авантура за сите оние кои сакаат да ја посетат Пратениковата џамија!

Continue reading “Посетете ја Виртуелно Пратениковата џамија!”
Медиумски сервис

Касида Гураба – препев за Палестина

Вознемирувачки е да се сведочи за злосторствата што се вршат врз народот на Палестина и страдањата што тие ги трпат секој ден. Оваа касида е посветена на нашите браќа и сестри во Палестина, како и на сите обесправени ширум светот.

Continue reading “Касида Гураба – препев за Палестина”
Верување, Исламофобија, Медиумски сервис

На светското фудбалско првенство по прв пат пехарот ќе отиде на поносот на Исламот

Мароко е муслиманска земја, а пред 16-финалето на пенали против Шпанија, играчите ја рецитираа Сура Ал-Фатиха, првото поглавје од Куранот.

Continue reading “На светското фудбалско првенство по прв пат пехарот ќе отиде на поносот на Исламот”
Верување, Верување во Аллах, Медиумски сервис, Наука и здравје, Разно, верување во одредбата

Земјата ќе биде заменета со „друга“ Земја

Нека не мислат тие што се скржави во тоа што Аллах од изобилието Свое им го дава дека е тоа добро за нив! Не, тоа е лошо за нив! На Судниот ден ќе им биде замотано околу вратот тоа за што беа скржави! А на Аллах Му припаѓа наследството на небесата и на Земјата и Аллах е известен за тоа што го правите! (3/180) Continue reading “Земјата ќе биде заменета со „друга“ Земја”

Верување, Верување во Божјите пратеници, Видео, Медиумски сервис

Видео: Животопис на Пратеникот Мухаммед а.с.

Дознајте каков бил неговиот живот, неговата биографија и морал кроз говорот на познатиот исламски даија Шејх Небил Ел Еведи. Continue reading “Видео: Животопис на Пратеникот Мухаммед а.с.”

Верување во Аллах, Етика, Медиумски сервис, Настани од свет

Фудбалерот на Сенегал Садио Мане своите пари ги троши за сиромашните и нивните потреби

Фудбалерот од Сенегал, Садио Мане, ретко зборува за својот живот надвор од теренот, се знае дека израснал во сиромашно семејство, дека татко му му забранувал да игра фудбал. Стигна до големата сцена, стана ѕвезда, но тоа не го промени.

Continue reading “Фудбалерот на Сенегал Садио Мане своите пари ги троши за сиромашните и нивните потреби”
Аудио, Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во Свети Книги, Историја, Медиумски сервис, Настани од свет

Последните денови на Пратеникот Мухаммед а.с.

Последните денови на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.

Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем,најодбраниот пратеник…Најдобриот човек кој одеше по земјата…оној на кој му припаѓа шефаатот на Судниот ден…

Continue reading “Последните денови на Пратеникот Мухаммед а.с.”
Верување, Верување во Аллах, Верување во судниот ден, Етика, Медиумски сервис, Наука и здравје

Запознајте го малезискиот астронаут кој прв се молеше во вселената

Кога во 2007 година Малезискиот астронаут, Шеик Музафер Шукур (Muszaphar Shukoor), отпатува во вселената тој побара мислење од муслиманските научници за молитвата (намазот).

Continue reading “Запознајте го малезискиот астронаут кој прв се молеше во вселената”

Верување во Аллах, Исламофобија, Историја, Медиумски сервис, Настани од свет, Разно

Секој четврти жител на Земјата е муслиман

Според податоците од 1996 год. секој четврти жител на Земјата е муслиман, а тоа во бројки би изнесувало повеќе од 1.482.597.000 од вкупно5.777.940.000 луѓе на Земјата или 26%.

Continue reading “Секој четврти жител на Земјата е муслиман”
Верување, Верување во Аллах, Верување во ангели, Исламофобија, Медиумски сервис, Настани од свет, Наука и здравје

Муслиманите во Америка отворија нова клиника за бесплатно лекување на сиромашните граѓани

Се започна со разговор меѓу група муслимански лекари во областа Толедо, Охајо-САД кои се прашуваа истото: Што можеме повеќе да направиме?

По серијата разговори, лекарите муслимани иницираа она што е познато како клиника Халим, бесплатна клиника водена целосно од волонтери за да се обезбеди примарна нега на пациентите без осигурување
Во обид да им помогне на ранливите и неосигурените Американци, група муслимански лекари во Толедо, Охајо отвори нова клиника за да обезбедат бесплатна медицинска услуга за луѓето од сите вери, објави Толедо Блејд.
“Имавме средба и кажавме, во суштина:Треба да бараме можности за враќање кон нашата заедница, нашите соседи и оваа идеја за отпочнување на бесплатна клиника беше изведена”, вели д-р Сулејман Абави, лекар за итна медицина на Здравствениот центар на округот Фултон.

Сите ние чувствуваме желба да се вратиме и да сакаме да размислуваме повеќе од нас и од нашите семејства”, додаде тој.

Без физичка локација, лекарите најпрво им помогнале на најблиските бездомници потоа одржаа редовни клинички прегледи во Масџид ал-Ислам, џамија во Северен Толедо.
Подоцна еден ендокринолог, д-р Махмуд Муса, понуди простор во неговата канцеларија каде што ја отвори клиниката Халим.
Податоците за здравствената проценка на заедницата на Лукас покажуваат дека 6 проценти од жителите на округот се неосигурани – околу 25.000 луѓе.
“Ние знаеме колку е важно за нас здравјето”, рече Sabeen Sidiki, студент на втора година по медицина.
“Ако имате треска или висок крвен притисок или дијабетес, треба да се грижите за себе за да можете да одите на работа и да се грижите за вашето семејство … Ако го немате вашето здравје, немате ништо”.
Името на клиниката е инспирирано од концептот на солидарност, а меѓу наведените мисии е “да се обезбеди ефикасна, квалитетна грижа за пациентите со тоа што ќе се потпира на карактерот и великодушноста на пратеникот Мухамед како пример”.
Ние сме дел од оваа заедница како и сите други”, рече тој.

“Ние се грижиме за нашата заедница и се грижиме за нашите соседи. Кој е подобар начин да го докажеме тоа отколку да ги користиме нашите таленти, способности и образование за да им возвратиме? “
Ова не е прв пат муслиманите да обезбедат бесплатна медицинска помош за сиромашните Американци.
Во април 2018 година, муслиманите во Североисточна Филаделфија отворија бесплатна клиника за здравствена заштита за сиромашните.
Во Јужна Каролина, клиниката “Шифа” веќе долги години им ја обезбедува многу потребна медицинска помош на сиромашните.
Во јануари 2012 година, група муслимански доктори доброволно се пријавија за отворање на здравствената клиника Рахма за да обезбедат бесплатни медицински услуги за сиромашните жители во градот Сиракуза во Њујорк.
Претходно во 2011 година, Здружението на лекари од пакистанско потекло на Северна Америка воспостави бесплатна клиника за да обезбеди услуги за стоматолошки, офталмолошки, педијатриски и болнички услуги во Билал Џамијата на Универзитетот Св. Луис.
Друга клиника беше отворена од страна на Исламската фондација на Сент Луис, во партнерство со волонтери во медицината.

Верување, Верување во Аллах, Етика, Медиумски сервис, Настани од свет

Секој петок ги возел бесплатно сега тие му подариле патување на аџилак

„Пари утре, денес е садака“. Со овие зборови возачот на минибус Абдулмеџид од Махачкала во Русија, ги пречекува своите патници во петок, кога му подаваат пари за превозот. Во видео за Радио Слободна Европа, тој вели дека ова го прави од љубов кон својот Бог, за кој верува дека многупати му помогнал, па решил да направи нешто добро за луѓето.

Инаку, според исламската вера, „садака“ значи милостина.

Токму за неговото добро дело, граѓаните решија да го наградат собирајќи пари за тој да може да оди на аџилак во Мека.

Целиот прилог, погледнете го во продолжение:

https://flashvideo.rferl.org/Videoroot/Pangeavideo/2018/01/2/2b/2bef4e51-cca5-4347-a478-824a8ca33202_fullhd.mp4?_=1

 

 

Верување, Верување во Аллах, Верување во Свети Книги, Медиумски сервис, Настани од свет

Забрзаната глобализација е предзнак на Судниот ден

Глобализација е поим кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена. Во специфично економски контекст се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси значењето и интензитетот на трговската размена беа сведени на минимум. Во поствоениот период на Втората светска војна, светската економија зајакна и драматично се зголеми, и сето тоа со помош на меѓународни економски институции и програми. Во периодот на 70-тите години ефектите на оваа размена станаа се повеќе видливи, односно се забележуваа и позитивните страни и негативните страни.

Пратеникот Мухаммед алејхи селам ни кажал: Нема да настапи Судниот ден се додека не се појават искушенијата, се додека не почне лагата да се шири и додека чаршиите една со друга не почнат да се приближуваат. (Ахмед – сахих)

Со овој хадис Пратеникот а.с. укажал дека ќе дојде време кога раздалеченоста ќе биде многу приближена. Со тоа луѓето, населбите, трговските центри, чаршиите и пазарите, ќе се приближат едни на други иако претходно биле многу одалечени. Комуникацијата, телефонот, интернетот, транспортот со ефикасните превозни средства ќе направи центрите во кои се собираат луѓето за да купуваат бидат се поблиску.

Целиот свет денес станал едно глобално село и глобализацијата е поим со кои светот стана едно глобално село и каде физичката раздалеченост не станала проблем за комуникација помеѓу луѓето. Многу градови исто така се стопиле еден во друг и тоа е исто така навестено во овој зачудувачки хадис со кој е навестено ова наше време.

Користен дел од текстот на книгата: Предзнаци на Судниот ден- Шефик Курдиќ