Верување, Верување во Аллах, Самоподобрување

Дај завет на Аллах дека редовно ќе извршуваш намаз                                                                                                           

КУРАНСКИ АЈЕТ

Аллах, Возвишениот, вели:.

Ќе го постигне тоа што го сака тој што ќе се исчисти и ќе го спомне името на Господарот свој, па намазот (молитвата) ќе го изврши! Но, вие на животот од овој свет повеќе му давате предност, а оној свет е подобар и вечен е. (Куран, 87:14-17)

Continue reading “Дај завет на Аллах дека редовно ќе извршуваш намаз                                                                                                           “
Верување, Верување во Аллах, Наука и здравје

Користа за намазот(молитвата) гледано од научен аспект

 верувањеверувањемедицина и здравјемедицина и

После читањето на овие информации можеме сосема одново и повторно да Му се заблагодариме на Аллах на Упатството кое ни го дал.

Continue reading “Користа за намазот(молитвата) гледано од научен аспект”
Верување

Клањање позади имам кој клања брзо

Прашање:

Дали е дозволено да се клања позади имам кој клања брзо, така да не се смирува при извршување на намаските рукнови?

Continue reading “Клањање позади имам кој клања брзо”
Верување

Битноста на намазот

Се пренесува од Ебу Хурејре, р.а., дека Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с., рекол: “ Намазот е главен столб на верата, а во него има десет пофалени својства:

Continue reading “Битноста на намазот”
Верување во Аллах, Наука и здравје

Користа од намазот од научен аспект

После читањето на овие информации можеме сосема одново и повторно да Му се заблагодариме на Аллах на Упатството кое ни го дал.

Continue reading “Користа од намазот од научен аспект”
Верување, Верување во Свети Книги, Разно

„ На лицата имаат знаци, траги од паѓањето со лицето на тло.“(Ел Фетх, 29)

На што се мисли кога се спомнуваат„знаци на лицата“ спомнати во Аллаховите зборови:„ На лицата имаат знаци, траги од паѓањето со лицето на тло.“(Ел Фетх, 29)

Continue reading “„ На лицата имаат знаци, траги од паѓањето со лицето на тло.“(Ел Фетх, 29)”
Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во Свети Книги, Етика, Толкување на Куранот, Училница, Фетви

Што се доброволни или препорачани намази?

 

На муслиманот му е пропишано во еден ден и ноќ да извршува пет обврзителни – фарз намази. Continue reading “Што се доброволни или препорачани намази?”

Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во судниот ден, Дијалог, Етика, Разно, Толкување на Куранот, Училница

За оние што го оставаат намазот

За жал, во последно време наидуваме на верници на верници кои не клањаат, потоа има од нив и такви што не знаат дека клањањето на намазот е вториот услов да се биде муслиман, по шехадетот.
Continue reading “За оние што го оставаат намазот”
Верување, Верување во Аллах, Историја, верување во одредбата

Како намазот на 80-годишен човек ја одведе Кеси кон Аллах

Како намазот(молитвата) на 80-годишен човек ја одведе Кеси кон Аллах

Нејзиното име е Кеси. Има само 23 години. Само што го завршува училиштето за сестри. Нејзината прва работа е во домот на еден стар муслиман.

Она што се случува понатаму е прекрасно – ве прави да се чувствувате прекрасно што сте верник во Еден Бог – Аллах.

Читајте…

Се викам Кеси, имам 23 години. Дипломирав како квалификувана медицинска сестра оваа година а првата работа ми беше еден стар господин, англичанец, кој имаше осумдесет години и страдаше одАлцхејмерова болест. На состанокот ми беше дадена историјата на пациентот од каде можев да видам дека тој е конвертит во ислам, значи муслиман.

Од тоа знаев дека некои видови на третман би оделе контра неговото верување, затоа морав да ја приспособам негата на неговите потреби. Донесов халал месо за готвење, а морав да се уверам дека состојките немаат свински компоненти и алкохол бидејќи истражував дека овие работи се забранети во исламот.

Мојот пациент беше во многу напредна фаза на болеста, па многу мои колеги се прашуваа зошто толку се трудам околу него. Но, сфатив дека кога личност се посветува на одредено верување заслужува таа посветеност и да се почитува.

По неколку недели со мојот пациент забележав одреден ист шаблон на движења.

Најпрвин мислев дека повторува одредени движења кои ги видел од некого, но забележав дека ги повторува во одредено, исто време, наутро, напладне, навечер.

Движењата се состоеја во дигање раце, наведнување и во ставање на главата на подот. Неможев да разберам. Повторуваше и реченици на друг јазик, неможев точно да сфатам на кој јазик бидејќи зборуваше пригушено, но сфатив дека повторува исти стихови секој ден.

Никако не ми дозволуваше да го хранам со лева рака (јас сум леворака).

Знаев дека сето ова е поврзано со неговата религија но незнаев како.

Еден од колегите ми кажа за палталк како место за дебати и дискусии и бидејќи не познавав ниеден муслиман освен мојот пациент мислев дека ќе е добро да зборувам со некого и да поставам некои прашања. Влегов во секцијата Ислам и во собата „Вистинска порака“.

Тука прашав за движењата и ми беше кажано дека тоа се движењата при клањање, не поверував потполно се додека не погледав линк од исламска молитва на јутуб што го постираше некој од собата.

Бев вчудоневидена.

Човек кој го изгубил сеќавањето на своите деца, на својата професија и едвај можеше да јаде и пие беше способен да го запомни не само начинот на молење туку и стиховите кои беа на друг јазик.

Сфатив дека овој човек е навистина посветен на своето верување, што ме поттикна да научам повеќе со цел мојата нега да биде најдобра што може.

Влегував во палталк собата колку што можев почесто каде ми дадоа линк за да го читам преводот на Куранот, воедно и да го слушам.

Кога го слушав поглавјето „Пчела“ ми минуваа морници по телото а ја слушав неколкупати на ден.

Снимив рецитирање на Куранот и на мојот iPod и му го дадов да мојот пациент да слуша, тој се смееше и плачеше, а при читање на преводот гледав зошто.

Го применував она што го учев од палталк во мојата нега на пациентот но постепено се најдов себеси како влегувам во собата да најдам одговори за себе.

Не посветив време да погледнам на мојот живот; никогаш не го запознав мојот татко, мојата мајка почина кога имав три години, мене и брат ми не одгледаа нашите баба и дедо кои пак починаа пред четири години, а сега сме само јас и брат ми.

Но, и покрај сета оваа загуба, отсекогаш мислев дека сум среќна, исполнета.

Се додека не го запознав мојот пациент, тогаш забележав дека нешто ми недостасува. Ми недостасуваше тоа чувство на мир и спокој, кои, мојот пациент, иако страдаше, ги чувствуваше.

Го сакав тоа чувство на припадност и чувството дека сте дел од нешто, она што тој го чувствуваше, иако немаше никого околу себе.

Една жена од палталк собата ми даде листа на џамии во моето опкружување и отидов да посетам една од нив. Ги гледав оние што извршуваа молитва (клањаа) и неможев да ги задржам солзите.

Ме привлече џамијата и секој ден поминував, а имамот и сопругата ми даваа книги и касети и одговараа на секое мое прашање.

Секое мое прашање во џамијата или во палталк собата беше одговарано со толкава разбирливост и длабочина што неможев а да не го прифатам одговорот.

Немам практикувано ниедна вера но секогаш верував дека Бог постои; Јас само незнаев како да Го обожувам.

Една вечер влегов на палталк и еден од оние што зборуваа на микрофонот ми се обрати мене. Ме праша дали имам некое прашање, јас реков, не. Тој ме праша дали сум задоволна од одговорите, реков, да.

Тогаш ме праша, што ме спречува да го прифатам исламот – неможев да одговорам.

Отидов во џамија да ја гледам утринската молитва, имамот ми го постави истото прашање – неможев да дадам одговор.

Потоа отидов на работа, кај мојот пациент, го хранев, како што гледав во неговите очи сфатив, тој ми беше пратен како причина, и единствено нешто што ме спречува да го прифатам исламот беше стравот…не стравот во смисла на нешто лошо, туку страв од прифаќање на нешто добро, тоа дека не сум доволно вредна како овој човек.

Тоа утро отидов во џамијата и го прашав имамот дали може да посведочам за моето верување, така го изговорив Шехадетот.

Тој ми помогна во тоа и ме водеше што треба да кажам следно.

Неможам да го опишам она што го чувствував додека го кажував.

Беше како некој да ме разбудил од сон и сега гледам се појасно.

Чувствував голема радост, јасност и пред се …мир.

Првиот човек на кого му кажав не беше мојот брат туку мојот пациент.

Отидов кај него, и пред да ја отворам устата и да му кажам тој заплака и ми се насмевна.

Колапсирав пред него, толку многу сум му должна нему.

Кога дојдов дома се логирав на палталк и го повторив шехадетот пред тие во собата.

Тие ми помогнаа толку многу иако ниеден од нив немав видено, ги чувствував поблиски од сопствениот брат.

Потоа му се јавив на мојот брат и му кажав, иако не беше среќен поради тоа, ме поддржа и рече дека ќе биде тука за мене, неможев да барам повеќе.

По мојата прва седмица како муслиманка мојот пациент пресели во сон додека се грижев за него. Inna lillahi wa inna ilahi raji’oon.

Имаше мирна смрт а јас бев единствената покрај него.

Тој ми беше како татко кој никогаш го немав, ми беше мојата врата кон исламот.

Од денот кога го изговорив шехадетот до ден денес и секој иден ден се додека сум жива, ќе го молам Аллах да му се смилува и да го награди десетпати повеќе за секое мое добро дело што ќе го направам.

Го сакав во име на Аллах и се молам секоја вечер да бидам барем трошка од она каков муслиман беше тој.

Исламот е религија со отворена врата; тој е таму за оние кои сакаат да влезат низ неа…Навистина, Аллах е Најмилостив, Сомилосен.

*Нашата сестра Кеси, пресели на оној свет во октомври 2010 година, Inna lillahi wa inna ilahi raji’oon – откако му правеше давет на својот брат кој го прифати исламот како свое верување.

Елхамдулиллах.

Аллах да ја награди сестра Кеси со џеннет, Амин!!!

 

 

Islamnewsroom

 

Jusuf Estate

Верување, Верување во ангели, Етика, Училница

Подготовка за намаз

Возвишениот Аллах, субханеху ве теала, вели:

,,А ако сте џунуби(нечисти после однос), тогаш искапете се!“ (Ел-Маиде: 6) ,,И облеката своја исчисти ја.“ (Ел-Муддессир: 4) ,,Аллах навистина ги сака оние кои често се каат и ги сака оние кои многу се чистат.“ (Ел-Бекаре: 222)

Во таа смисла, Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:

„Клучот на намазот е чистотијата.“ „Намазот нема да биде примен без (предходна) чистотија.“ „Чистотијата е дел од иманот(верувањето).“

Под чистотија се подразбираат два вида чистотија: внатрешна и надворешна. Внатрешната чистотија подразбира чистење на душата од гревови и непокорност. Се постигнува со искрено покајание за сите сторени гревови и дела од непокорност, односно, со чистење на срцето од сите негативни особини како што се: склоноста кон ширкот, сомнежот, зависта, омразата, злобноста, мамењето, вообразеноста, самодопадливоста, лицемерието, желбата за престиж и сл. Покрај тоа, чистотијата на срцето се постигнува со искреност, сигурно убедување, наклоност кон доброто, вистинољубивост, скромност и желба за сите свои намери и добри дела да се подредат во согласност со Аллаховото задоволство. Надворешната чистотија, пак, подразбира два вида чистотија: чистење од секаква нечистотија од материјална природа (тахаретул хабес). Оваа чистотија се остварува со перење на нечистотијата со чистечка вода од облеката на клањачот, телото и местото каде што се клања, и да се биде под абдест и гусул, а во случај да нема вода, да се биде под тејеммум (тахаретул хадес).

__________________

Вода и видови на вода

Има неколку видови на вода:

Чиста и исчистена – тоа е онаа вода која е сама по себе чиста и со која се постигнува чистотија, без разлика дали се работи за морска вода, дождовница, снег или изворска вода. Во овој вид спаѓа и онаа вода која е изменета поради друга состојба или поради тоа што се меша со нешто што е чисто, а не може да се одвои од водата, како што е лист или земја. Во таа смисла, Возвишениот, субханеху ве теала, вели:

,,…., а од небото Ние чиста вода спуштаме,…“ (Ел-Фуркан: 48)

Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Водата е чиста, освен ако се извалка со нешто нечисто, па ги смени мирисот, вкусот и бојата.“

Чиста но не и исчистена – оваа вода не може да се користи за чистење. Тоа е течност која не може да се нарече вода. Овде спаѓаат оцетот и други слични течности, како и водата која го сменила своето својство со нешто што не може да се оддели од неа (на пример сапун или шафран). Во врска со водата во која ќе падне нешто нечисто, таа престанува да биде чиста или да се користи за чистење ако измени едно од триве својства: боја, вкус и мирис. Су’р е вода која останува во садот после пиење. Човековата су’р , како и су’р од животно чие месо се јаде, чиста е и може да се користи за чистење. Свинската и кучешката су’р се нечисти. Во врска со мачкината су’р, на птицата грабливка и сл. со таква вода може да се абдести, но сепак е подобро да се употреби чиста вода ако се има.

Видови нечистотија

  1. Дамка од леш – овде спаѓа сé што ќе загине, освен риба и скакулец. Ако животно падне во вода и загине без да испушти крв, тоа нема да влијае на нејзината чистота, под услов водата да не изгуби некое од нејзините својства. Кожата на лешот станува чиста со штавење, бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: Секоја кожа е чиста ако се иштави.“
  2. Крв, сеедно дали се работи за крв која истекува или крв на хајзот(месечно перење) и нифасот(периодот после пораѓање). Крвта на вошката и на слични суштества не смета; 3. Гној, повраќаница, измет и урина; 4. Животински измет; 5. Кучето и свињата се нечисти. Садот од кој кучето нешто ќе изеде или испие треба да се измие седум пати и тоа првиот пат се мие со земја или јаки хемиски средства за миење; 6. Ведијј – вид на слузеста течност која понекогаш излегува после напорно мокрење (секрет на простатата); 7. Мезијј – слузеста течност која излегува при надразнување, кај мажите и жените, со тоа што кај жените излегува во поголеми количини. Во врска со спермата, ако е во течна состојба, тогаш мора да се измие, а ако се исуши, тогаш мора добро да се истрие.

Чистење по мала и голема нужда

Кога човекот врши голема или мала нужда, должен е да го исчисти местото од каде излегла нечистотијата. Најдобро е тоа да се стори со вода. Ако нема вода, тогаш нека земе камен или нешто слично со што ќе ја тргне нечистотијата. Но треба да се води сметка да не се потира со корисни нешта, како на пример платно од лен кое може да се употреби за нешто друго, хартија и сл., ниту со тоа што треба да се почитува како што е храната, бидејќи спречувањето на она што е корисно и уништување на она што е добро е забрането (харам). Додека се врши нужда треба да се внимава на следниве адаби – правила:

  1. Кога се влегува во тоалет, не смее да се носи со себе ништо што има на себе напишано некое Аллахово име или некој Курански ајет, бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем: „Носел прстен на кој било изгравирано Мухаммед, Аллахов Пратеник и го вадел при влегување во тоалет.“
  2. Да се изучи еузу(побара заштита од ѓаволот) и бисмилла(во име на Аллах) пред да се зачекори во тоалетот со левата нога или пред да ја соблече облеката, ако ја врши нуждата на отворено место, така што ќе каже: „Бисмиллахи, Аллахуме инни еузу бике минел хубси вел хабаси“ – Во името на Аллах, Аллаху заштити ме од шејтанот и сите нечистотии;
  3. Треба да се молчи додека се врши нужда и да не се зборува ништо, освен во случај кога мора нешто да се одговори;
  4. Да се почитува правецот на Киблата(правецот на Ќаба,Мекка) така што нема да се врти ни од напред ни од зади, туку ќе се сврти на онаа страна така што Киблата ќе му дојде од лева или десна страна, освен во случај кога е заклонет од Киблата со нешто во непосредна близина, како што е ѕид и сл., бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Не вртете се, при извршувањето на мала или голема нужда, со предната или задната страна кон Кибла!“;

5.Да не се врши нужда во животинско дувло, поради можноста во него да има некое животно или друго суштество кое може да му нанесе некое зло и кое ќе го вознемири без причина;

  1. Да не се врши нужда на патеки каде што поминуваат луѓето и каде што луѓето седат и разговараат;
  2. Без потреба да не се врши нужда стоејќи, затоа што тоа не му доликува на муслиманот и постои можност да дојде до прскање од урината на облеката;
  3. Да не се урина во местото каде се капе, ниту во стоена или течна вода, ниту на гроб, ниту во џамија – без разлика дали се врши во некаков сад;
  4. Во тоалетот да се влегува со лева нога, а од него да се излегува со десна нога, а излегувајќи треба да се каже: „Гуфранеке“ (Барам прошка од Тебе);
  5. Да не се чисти со засушен животински измет и коски, (затоа што тоа е храна на џинните муслимани).

Задолжително е бришењето или миењето да се извршат само со левата рака, а убаво е да се извршат непарен број пати, и тоа три пати, пет пати итн. По извршеното бришење или миење, рацете треба добро да се измијат со сапун.

Мухаммед Насируддин ел-Албани