Верување, Настани од земјата

Што е сихр и како да се препознае маг

Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, минатата сабота.

Имено, тој ќе организирал „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Истиот има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен. Покрај оваа информација тој сподели и видео од праксата на „истерување демони и нечисти сили“. Неговата објава предизвика голема дискусија на социјалните мрежи. Контроверзниот надрилекар кој своевремено беше пејач, биоенергичар, кинезитерапевт и познавач на фреквенциите, пастор и што ли уште не предизвика лавина реакции, па така многумина се чудат како и вакво нешто излегло во јавност. Многумина предупредуваат дека, иако пишува дека настанот и лекувањето е бесплатно, тој ве навлекува и дебело наплаќа за сеансите. Како и да е тој е еден од низата самопрогласени сихрбзаи и магови кои исламот ги препознава а ние сме должни да предупредиме!

Continue reading “Што е сихр и како да се препознае маг”
Верување, Настани од земјата, Наука и здравје

Оџата од Слупчане повикува да се почитуваат мерките за Ковид 19

Бројот на заразени и починати од ковид-19 во Македонија е повторно во раст. Но, за разлика од првиот бран кога голем дел од случаите доаѓаа од градот Дебар , жариштето во вториот бран се Скопје, Тетово и Куманово . 

Continue reading “Оџата од Слупчане повикува да се почитуваат мерките за Ковид 19”
Верување, Верување во Аллах, Верување во судниот ден, Настани од земјата, Настани од свет, Разно

Појава на јавен разврат

 

Со многуте зла и раширеноста на страсти пред крај на светот ќе се појави и јавниот разврат, кога човеќ ќе чини блуд на јавен пат, на очиглед на сите. Continue reading “Појава на јавен разврат”

Верување, Настани од земјата, Повратници во ислам

Македонка, студент по архитектура, го прифати исламот

macedonia-muslims-skopje

Студентка по архитектура на Универзитетот во Скопје, пред неколку години направи суштинска промена во својот живот и од христијанка според фамилијарната верска припадност, стана муслиманка.

Continue reading “Македонка, студент по архитектура, го прифати исламот”

Верување, Настани од земјата, Настани од свет, Повратници во ислам, Разно

Бивши христијани прифаќаат ислам

 

IMG-20150225-WA0000

Во приградската џамија во населба Брод кај Зеница кај Захид еф. Маглиќ, пред некое време после џума намаз одржано беше свеченото „преминување на ислам“ на Саша Жуниќ. Како што известува џамискиот одбор, Саша Жуниќ, Србин по националност,доброволно го прифати исламот и изрази желба истото јавно да го обелодени. Инаку Саша Жуниќ по прифаќањето на исламот отиде да се почести во слаткарницата „Енсар“ која исто така ја држи бивш православец, исто така Србин по националност, Абдуллах Марио Љубичиќ.
Секојдневно како и во Босна, така и во Србија, исламот своеволно го прифаќаат профили на разни луѓе, кои се одлучуваат на ваков чекор иако е познато дека ќе наидат на разни видови на тешкотии во општеството и околината. Не е мал број на повратници во исламот, како во Босна така и овде во Македонија. Неодамна во Струга исламот јавно го прифати Македонец христијанин од Охрид, самоволно без никакви притисоци.  Глобализацијата во едно информациски растечко општество и пристапот до информации носи новитети и ја менува секојдневна реалност која нетреба да ги збунува лаиците и тие кои што се научени на едноумие. Се надеваме дека таквиот избор, наместо да ги збуни, многумина ќе ги натера да размислат за исламот и неговите вредности, бидејќи изборот на верата е нешто лично и не се наметнува со присилба, туку со доказ и е длабоко врзано со исконското верување врежано во срцето на секој верник.

Верување, Верување во Аллах, Настани од земјата, Настани од свет, Разно, Училница

Муслиманот и „Новата Година“

20151230-proglaseni-najubavo-ukrasenite-objekti-vo-skopje-1

Почитувани, браќа и сестри во Ислам.

Есселаму алејкум ве рахметуллах.

Дозволете ми да ви се обратам и заедно со вас да го споделам она со што Возвишениот Аллах, ме почестил од корисното знаење за кое се надевам дека и мене а и вам ќе ви помогне да го пронајдеме патот на спасот на овој и на оној свет. Патот кој треба да го следи еден верник треба да се разликува од патот на неверниците. Не случајно Аллах, субханеху ве те’ала ни наредил во дневните намази да го учиме поглавјето Ел Фатиха во кое јасно од Него,Возвишениот,бараме да не оддалечи од патот на заблудените и оние кои ја заслужиле Божјата лутина.

Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, во еден хадис[1] јасно не опоменува: Тој што имитира еден народ, нему му припаѓа. (Ебу Давуд)

Такво имитирање на немуслиманите е и славењето на нивните празници. Секако дека не сме слушнале за христијани кои резервирале хотел, купиле подароци, заклале курбан за да го прослават Курбан Бајрам. Ваквата реалност ќе ја најдеме кај многу муслимани кои за жал повеќе се подготвуваат за славењето на новата година отколку за славењето на двата исламски празници Фитр[2] и Курбан Бајрам. Исламските зналци се единствени во ставот дека не е дозволено да се присуствува на невернички празници и нивно имитирање. Ова е став на Ханефиската, Маликиската, Шафииската и Ханбелиската правна школа[3]. (Види: “Iktidau-s-siratil mu-stekim”, 2/524., “Ahkamu ehli-z-zimmeti” 2/722., 725., “Et-Teššebbuhu-l-menhijju anhu fi-l-fikhi-l islamijji”, 335)

Неколку факти за “Новата година” кои можеби не сте ги знаеле:

– Славењето на новата година е пагански обичај кој го практикувале старите римјани кои на крајот на годината го славеле „раѓањето на непобедивиот бог на Сонцето“ (Sol Invicitus)

Тоа се случувало кон крајот на годината кога тие се плашеле дека Сонцето нема да се врати.

– Подоцна црквата го избрала овој ден за славење на „божиќ“ за да го прикрие варварскиот празник. Во Католичката енциклопедија издадена во 1911 година пишува: Божиќ не се вбројува во славите на првата заедница на верниците. Првите докази за тоа славење ги наоѓаме во Египет. Незнабожечките празници кои временски се славеа во декември станаа божиќни обичаи.

– Елката која ги „краси“ домовите во текот на новата година е исто така варварски обичај за кој се верувало дека е извор на животната енергија. Античките народи верувале дека зимзелените дрва им даваат живот на нивните домови.

– Дедо Мраз кој е симбол на новата година е всушност врзан за германското паганско верување во „богот Один“ кој јавал врз летечкиот коњ Слипнир кој има осум нозе. Один се сметал за „светец – пријател“.

Во Англија бил познат како Клапербоки и Олдхог верен следбеник на Исус кој одел зад него и на послушните им давал подароци додека непослушните ги казнувал со стап. Подоцна со неговата комерцијализација преку Кока Кола се трансформира во лик кој ги наградува послушните.

Се на се овој таканаречен празник се врзува со пагански традиции на политеизмот кои немаат врска со чистото верување во само еден Бог, Аллах џел-ле ше’нуху. Со самото искажување на шехадетот ние муслиманите јасно се одрекуваме од сите видови на пагански обреди и верата единствено му ја исповедуваме на Аллах, Возвишениот.

Зарем не е време да примиме поука и да се откажеме од гревот на славењето на туѓите празници.

 

Превел : еф.Талха Куртиши

[1] предание

[2] Рамазан Бајрам

[3] 4-те исправни исламски школи

Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во Свети Книги, Верување во ангели, Дијалог, Етика, Историја, Настани од земјата, Настани од свет, Толкување на Куранот, Училница, Фетви

Како да се сочуваме од озборување учени

Исправните предходници му забрануваа на оној кој учел фикх-право самостојно(сам), без шејх, да издава фетви и да ги подучува дугите. Истотака забрануваа да подучува Куран оној кој научил Куран самостојно од Мусхаф.

Continue reading “Како да се сочуваме од озборување учени”
Верување, Верување во Аллах, Верување во Божјите пратеници, Верување во Свети Книги, Верување во ангели, Верување во судниот ден, Дијалог, Настани од земјата, Наука и здравје, Толкување на Куранот, верување во одредбата

9 научни докази зошто Бог постои

Како што има луѓе што го негираат постоењето на Бог со научни докажувања така важи и обратното.

Continue reading “9 научни докази зошто Бог постои”

Верување, Верување во Аллах, Верување во Свети Книги, Настани од земјата, Наука и здравје, Одговор на контрадикции, Толкување на Куранот

Вера и наука, тоа што на западното друштво му прави проблем


Западната мисла денес е во средина на лута битка помеѓу верата и науката. Речиси е невозможно за современиот западен мислител да го прифати фактот дека постои можност религијата и науката да имаат нешто заедничко. Библијата во која веруваат Христијаните, кажува дека дрвото чии плодови му биле забранети на Адем а.с. било дрво на знаењето, па тој, откако изел нешто од тоа дрво, добил одредено знаење кое порано не го поседувал.

Continue reading “Вера и наука, тоа што на западното друштво му прави проблем”
Верување во Аллах, Исламофобија, Историја, Настани од земјата, Настани од свет, Наука и здравје, Училница

Украденото научно богатство на исламската култура

Во време кога исламот и муслиманите се изложени на исмејување и напади од сите страни, и кога се заборава на муслиманскиот допринос во глобалната наука и наследство, говорот на бившата директорка на компанијата Hewlett-Packard, Карла Фиорина, е редок пример кој ја потврдува немерливата улога на исламот и муслиманите во ширењето на светлото на науката во мрачните времиња на човечката историја.
Continue reading “Украденото научно богатство на исламската култура”
Верување, Верување во Свети Книги, Историја, Настани од земјата, Разно

Зошто Умметот нема држава која ќе ги претставува?

Зашто нема држави поборници, односно шампиони, на глобалната сцена кои би ги застапувале интересите на муслиманите и на исламот?

Continue reading “Зошто Умметот нема држава која ќе ги претставува?”

Верување, Верување во Аллах, Настани од земјата, Толкување на Куранот

Презентиран првиот дел на тефсир на Куранот на македонски јазик

images (1)

Првиот дел од ТЕФСИР на ИБН КЕСИР на македонски  јазик беше промовиран во Општина Шуто Оризарик каде беа присутни сите чинители на ова дело и голем број верници од муслиманска веросиповест.

Повеќе информации за настанот во следниот видео материјал: