Верување во Аллах, Толкување на Куранот

Вредноста на изучувањето на Аллаховите имиња

Аллах ги почестил учените луѓе над сите суштества и луѓе:

Аллах налага во Куранот: „и Аллах на високи степени ќе ги воздигне тие што веруваат и на коишто им е дадено знаење. А Аллах добро го знае тоа што го правите.“(Ел Муџадела, 58:11).

Continue reading “Вредноста на изучувањето на Аллаховите имиња”
Верување, Верување во Аллах

Највозвишеното име – Аллах!

Благодарноста Му припаѓа на Аллах џелле шануху, нека е салават и селам на последниот Божји Пратеник и миленик , Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, на неговото чесно семејство неговите асхаби и сите оние кои го следат се до Судниот ден.

Continue reading “Највозвишеното име – Аллах!”
Верување, Верување во Аллах, Дијалог, Толкување на Куранот

Аллах – Аллах освен Кого нема друг бог

Аллах е Најпознато име на Господарот на сите светови. 

Луѓето кои потекнуваат од различни сфери на интереси знаат и свесни се дека Аллах е име со кое кое задолжено човештвото, џинните и сето она што постои. Тој е создател на небото и Земјата и Оној кој што дава живот и смрт. Сите луѓе би се сложиле дека тоа име на Независниот Владател се однесува единствено на Аллах. Ова име е најдобро и истото е дел од сведоштвото со кое се потврдува дека не постои друго божество достојно на обожавање на Аллах. Поради тоа истото име станало и симбол на верата и тоа име е стрикно ограничено на Господарот наш. Името Аллах е едно од совршените имиња и својства. Тој е изведеница од коренот на зборот ал-иллах која индицира дека Аллах е единствениот Бог кон кој сите видови на обожување мора да бидат посветени.3 Ибн Мензур вели: „Ал иллах: Аллах секоја работа која што е обожувана покрај него ја направил божество за оние који ја обожуваат. Множество на илах е алихах. Идолите се алихах затоа што се верувало дека треба да бидат обожувани. Поради тоа Ибн Атир вели дека Аллах е е изведеница од зборот алихах.4 Последично на ова се што е обожувано покрај Аллах се смета за божество-илах, без разлика дали довикува, се бара помош од него или му се посветува со нешто итн. Но што и да се обожува покрај Аллах е лажно, бидејќи Аллах е Единствениот кој е вреден да се обожува. „Твојот илах е само еден Иллах(Аллах), ла иллахе иллла Хуве – не постои некој кој е има право да биде обожуван освен Него, Милостивиот, Сомилосен. (Куран 2:163) 

Доказот дека Аллах како име доаѓа од формата ал иллах е фактот што арапите ја користеле оваа изведеница на овој корен и ова го пренесуваат и Бухари и други исламски учени. 

Во минатото луѓето обожувале а и сеуште го обожуваат Сонцето, Месечината, идолите, огинот, ѕвездите, дрвата, камењата и други предмети кои не се вредни на обожувањето. Тие не поседуваат атрибути кои можат да ги квалифицираат за да бидат обожувани или единствени во нивното дело на креација или постоење.  Тие квалификации кои треба да ги поседува некој што треба да биде обожуван, Аллах ни ги објаснува во ајетот Курси во кој што ни вели:  

Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде после нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот! (Куран 2:255) 

 

 

 

Верување, Верување во Аллах, Разно, Училница

Давател на сигурност – Ел Му’мин

Al-Mumin

Аллаховото име Ел Му’мин – Оној кој го потврдува ветувањето и дава сигурност -има два значења на јазикот: Првото е потврда и верување. Основа на иманот е потврда на верата. Возвишениот Аллах кажал:

А ти нема да ни веруваш, иако вистината ја говориме.“(Јусуф, 17) – т.е. нема да ни поверуваш заради својата голема љубов спрема Јусуф.

Друго значење е сигурност која е спротивна на стравот. Возвишениот Аллах ни кажува:

„…кој гладните ги храни и од стравот ги брани..“,(Курејш, 4)

Исто така може да означува поверение спротивно на проневерата и издајаството, верата спротивна на неверството, потврдата спротивна на негирањето. За човек се кажува дека е поверлив кога во него се има поверение и кога никој не се плаши од неговите сплетки или се вели дека е „лесноверен“ ако верува во се што ќе слушне. Името Ел Му’мин се спомнува само еднаш во Куранот:

„Тој е Аллах, нема друг бог освен Него, Владетелот, Светиот, Тој што е без недостатоци, Тој што го обезбедува секого(дава сигурност), Тој што бдее над сите, Силниот, Возвишениот, Гордиот. Возвишен и Чист е Аллах од тоа што Му го припишуваат!“ (Ел Хашр, 23)

Дахак , рахимехуллах, пренесува од Ибн Абас , радијалланху анху, дека Ел Му’мин значи: „Оној од кого суштествата се сигурни дека нема да им стори неправда.“ Ибн Џерир вели дека кажал: „Ел Му’мин е Оној кој Своите суштества ги чини сигурни од Својата неправда.“

Шевкани , рахимехуллах, кажал: „Ел Му’мин е Оној кој на Своите робови им подарил сигурност од својата казна, и Оној кој ја потврдува својата вистинитост со праќање на Своите пратеници, давајќи им чуда.“

Оној кој ја потврдува вистинитоста на наградата на верниците и казната за неверниците е Ел Му’мин. Муџахид , рахимехуллах, кажал дека Тој укажал дека е еден во зборовите: „Аллах сведочи дека нема друг вистински бог освен Него.“(Али Имран, 18)

Ибн Кајим, рахимехуллах, кажал: „Ел Му’мин е Оној кој ја потврдува вистинитоста на искрените, покажувајќи докази на нивната искреност. Тој е Оној кој ја потврдува вистинитоста на Своите Пратеници и Веровесници во она што го доставиле од него – и тоа во своите знаци кои укажуваат на вистинитоста на она во што повикуваат, а сето тоа го остварил со помош на Својата одредба и создавање.“

Оној кој го потврдува ветувањето и воспоставувачот на безбедноста е Оној од кого безбедноста и сигурноста и гаранцијата се екслузивно изведени од неговото Водство. Секоја безбедност се цени најмногу во време кога луѓето се соочуваат со страв и опасност, особено кога постои можност да се почуствува пеколната казна. Вистинскиот воспоставувач на безбедност и давател на гаранција е оној кој Го обезбедува вечниот и непрекиден Мир; Оној кој што недава пристап на страв на оној кого ќе го обезбеди.

Сите суштества се слаби и краткотрајни и слаби, подложни на секакви врсти на загуби и тортури, како и на разни врсти на болести и она што ќе ги снајде од природни катастрофи и воени загуби. Аллах ги запознава луѓето и им ги открива тајните на медицината, машините, заштитни средства и оружје за да луѓето можат првенствено да ги користат како заштита и одвраќање на непријателот. Потоа, како заштитни одела и вакцини кои се користат при заштита при работа и нормално функционирање на здраствената заштита. И не само кај луѓето, тоа го гледаме и кај животните и инсектите кои имаат крилја, камуфлажа и разни врсти на бои кај пеперутките заради одвраќање од грабливци. Тоа го гледаме и кај отровот кој го имаат оддреден број на инсекти поради заштита од посилните грабливци и струјата *електрицитетот) и светлината која ја содржат некои специфични видови на животни.

Најсуштествениот страв е стравот кој постои од вечната казна во оној свет и која за да се отклони потребно е употполнување на сведоштвото кое гласи: „Непостои друго божество достојно за обожување освен Аллах“.

Од книгата: „Аллаховите најубави имиња“ – Ебу Абдулмалик