Верување, Верување во Аллах

Исламот не ја понижил жената!


Ако малце подлабоко погледате како размислува “модерната” жена која кажува дека исламот ја понижува жената, ќе видите дека токму таа го понижува мајчинството.

Continue reading “Исламот не ја понижил жената!”
Етика, Наука и здравје

Зошто е забранет однос за време на менструалниот циклус на жената

Забранет однос за време на менструалниот циклус

И те прашуваат за месечниот циклус. Кажи:

„Тоа е непријатност.“ Затоа немојте да имате интимни односи со сопругите за време на нив-

ниот месечен циклус, и не приоѓајте им сè додека не се искапат!

А кога ќе се искапат, приоѓајте им така како што Аллах ви наредил!

– Аллах навистина ги сака тие што се покајуваат и ги сака тие што се чистат. (Ел Бекаре, 222)

Самата медицина им забранува на докторите да вршат прегледи за време на менструалниот циклус на жената. Од што произлегува тоа?

Continue reading “Зошто е забранет однос за време на менструалниот циклус на жената”
Верување, Верување во Аллах

Зошто жените преминуваат во ислам додека некои тврдат дека им се ускратени правата?

Токму во времето кога исламот се соочува со најтешките медиумски кампањи, посебно оние кои се мажи и жени во исламот. Прилично е чудно, но на некој можен начин можеби е факт дека исламот е најбрзорастечка религија во светот, па дури може да изгледа и ироничен фактот дека најмногу конвертирања во ислам има меѓу жените!

Continue reading “Зошто жените преминуваат во ислам додека некои тврдат дека им се ускратени правата?”
Верување, Разно, Училница

Познавање на исламските прописи

tumblr_liw1lgnT6o1qhzcswo1_500[1]
Поделбата на постапките и делата во Исламското право

Сите човечки дела и постапки можат да се делат како што следува, додека да стане јасно дали едно дело е дозволено или забрането.
1. Строга обврска (Фарз): Toa e највисок степен на обврска. Тоа опфаќа се што Законодавецот бара од нас децидно и со недвосмислени наредби во кои нема сомнеж, како што е намазот, постот, зекатот. Оној кој ги извршува овие наредби се наградува, а оној кој не ги извршува се казнува.
2. Пожелни дела (Мустехаб): Се сите тие дела што Законодавецот ги бара од нас, но не во форма на наредба, така што оној кој ги извршува се наградува но не се казнува, како што е користењето на мисвакот (дрвено средство за чистење на забите ) пред да се клања намаз и слично.
3. Дозволени дела (Мубах): Се сите тие дела за кои човекот ако ги извршува нема ниту награда и нити се казнува, како што е чекорењето, јавањето и многу други вообичаени секојдневни дозволени дела во животот.
4. Непожелни дела (Мекрух): Се сите тие дела што ги забранил Законодавецот, но не во форма на децидна наредба. Значи тој што го остава тоа дело ќе биде награден, но нема да биде казнет оној кој ќе го изврши тоа дело. Од човекот е побарано да ги избегнува и да се оддалечи од тие постапки и од сето тоа што произлегува од нив. Тој што ќе изврши такво дело, нити нема да се награди, нити нема да биде казнет. Повторувањето на овие дела некогаш води до тоа да се кршат границите на Алах и влегување во тоа што Тој го забранил. Причината заради која сторителот на ова дело нема да биде казнет е во постоењето на големите потреби или животните ситуации во која може да се најде поединецот кој ќе направи Мекрух дело. На пример, нашиот Бог го оценил разводот како непожелно дело, но не го забранил за неговите робови, за на истите да им олесни ако имаат вистинска потреба од тоа.
5. Строга забрана (Харам): Се сите тие дела што Законодавецот ги забранил со строги и недвосмислени забрани во кои нема сомневања. Сторителот на овие дела ќе биде казнет а тој што ќе ги остави ќе биде награден бидејќи е покорен, како што е забраната за пиење алкохол и слично.

Разликата помеѓу Халалот и Харамот

Познавањето на Халалот и разликувањето од Харамот е столб на Исламот и доказ на Иманот (Верата во Бог). Ова познавање е поврзана со делата на срцата и со делата на екстремитетите. Основата на делата е дека тие се дозволени се додека не дојде јасен текст кој тоа го забранува. Такашто забраната на делата и нивното дозволување е исклучително право само на Возвишениот Алах, бидејќи тој е Создавател и Одржувач, Тој е оној кој олеснува и кој дарува. Тој им забранува на своите робови што сака и им дозволува што сака. Од Неговата племенитост и милост е фактот што ги направил забраните да бидат разумни и да бидат во добивка на луѓето. Значи Возвишениот Аллах дозволил само добри нешта, и забранил само лоши.
1. Преминот на дозволените дела од категоријата дозволени во недозволената категорија и спротивно:

Дозволените дела некогаш стануваат забранети кога ќе се појават причини за тоа, при што делото преминува од добро дело, во дело кое е штетно за човекот, како на пример шетањето по улица е дозволено, но некогаш тој пропис може да премине во забрана. Тоа може да биде така кога на пример Шеријатскиот Владател би донел одлука и соопштение за опасностите кои можат да произлезат во излегувањето после единаесет часот во некои улици или градови од безбедносни причини, кои можат да доведат до губење на животот.
А некогаш забранетото дело преминува во дозволено кога постојат причини кои ќе го направат тоа дело неопходно за зачувување на животот. Алкохолот е забранет во Исламот, но некогаш може да биде дозволен. На пример кога човекот би бил изгубен во пустина и би бил на работ на смртта од жед, а пред себе нема ништо друго освен алкохол, во овој случај му се дозволува да пие толку колку што ќе му биде доволно за да преживее, но не повеќе од тоа.
2. Преминувањето на едно дело кое е Фарз од категоријата обврска во категоријата забрането, и обратно
Делото што е строга обврска некогаш може да стане забрането, а забранетото дело можа да стане обврска. На пример Намазот кој е обврска (Фарз), може да биде забранет, на пример кога човекот би се нашол во куќа во време на силен земјотрес, и во време кога и сам е убеден дека ќе настрада ако веднаш не излезе надвор!!! Нападот врз некого и да му се отсече ногата е забрането, но ако докторот не е во состојба да го излечи болниот со ништо друго освен со сечење на ногата, во спротивно би дошло до смрт на болесниот, во тој случај отсекувањето на ногата станува обврска. Ако докторот тоа не го направи тоа, ќе биде грешен и ќе ги сноси последиците од тоа.
3. Преминувањето на едно непожелно дело од категоријата непожелно во пожелно, и преминувањето на едно дозволено дело (Мубах) во забрането (Харам)
На пример разводот е непожелно дело, но некогаш ако не дојде до развод може да дојде до ситуации и непријатности кои не можат да се решат поинаку освен со развод. Како кога жената би била неморална а сопругот загубил надеж дека таа ќе се поправи, во овој случај најдобро, и е препорачливо да се разведе од неа.
Некогаш едно дело кое е пожелно, можа да стане забрането. Користењето на мисвакот е пожелно, но ова дело може да стане непожелно или забрането. Кога твоите заби би боледувале од болест од која ти паѓаат забите, и ти знаеш дека ако користиш мисвак, ќе ти слоши состојбата, во овој случај користењето на мисвакот се спротивставува на Исламското правило:
“Нема нанесување штета, или трпење штета”.

Резиме:
Суштината на тоа што претходеше е дека Исламот не е слепа вера која не ги зема во предвид состојбите на луѓето и нивните можности во секојдневниот живот, туку е слепило во срцата на оние непријатели кои сакаат да шират невистини и лаги за Исламот за да го згаснат Алаховото светло, но Алах ќе го потполни Своето светло па макар тоа им било криво на неверниците.
Се надевам дека ти почитуван читателу досега си дознал дека Исламот не е вера на неправдата, туку е вера на правдата, такашто забранетите и дозволените нешта во Исламот се изградени на правда а не на слепило, а што се однесува до неправдата, таа е забранета во сите форми во Шеријатскиот Закон.

Ахмед ел Емир

Верување, Исламофобија, Училница

Зошто Мухаммед а.с. никогаш не удрил жена или дете?

The-Manara-Islamic-school-007[1]Третманот спрема жените во сенката на Куранот и во Сунетот (традицијата на Пратеникот)

Во сенката на Куранските текстови можеме да видиме дека Возвишениот Аллах наредува на сопругата да и се чини добро и да се почитува, и да се живее со неа во добробит, дури и ако кон неа е прекината љубовта во срцето на сопругот. Рекол Возвишениот Аллах во Неговата мудра Книга: “И живеејте со нив добро. А ако вам не ви се допаѓа нешто кај нив, можеби баш во тоа Аллах ви дал големо добро”. (Суре ен Ниса 19)
Рекол Пратеникот Мухамед (Божјата милост нека биде над него: “Верникот не ја презира верничката, ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, тој ќе биде задоволен со друга (особина)”. (Хадисот го пренесува Муслим)
Возвишениот Аллах појаснил дека жената има свои права кај својот маж, вели Аллах: “И тие имаат права колку и должности”. (ел Бекаре 228)
Од последните пораки на Пратеникот пред да се пресели од овој свет е мажот да биде внимателен спрема жените, да се почитуваат, да не им се стори неправда, и да не се кршат нејзините права. Рекол: „Ви порачувам да бидете добри кон жените”.
Наредил да се трпат нејзините грешки и да и се прости на грешките што ги прави. Кога Пратеникот ја објаснува природата на жената вели: “Навистина жената е создадена од ребро. Таа нема да остане на една патека. Ако уживаш со неа, ќе уживаш и ако е неисправна. А ако се обидеш да ја исправиш, ќе ја искршиш, а нејзиното кршење е разводот”. (Пренесува еби Аване)
Истотака рекол: “Ви порачувам да бидете добри кон жените. Тие се создадени од ребро, а најкриво кај реброто е врвот, ако се обидеш да ја исправиш, ќе ја искршиш. А ако ја оставиш ќе остане крива. Ви порачувам спрема жените да бидете добри”. (Пренесува ел Бухари)

Дали Аллаховиот Пратеник некогаш удрил некоја од неговите жени?
Пратеникот (Мирот нека биде над него) е пример за сите муслимани. Аллах нас ни наредил да ја следиме неговата пракса, и вели: “Вие имате во Аллаховиот Пратеник најдобар пример, за оној кој се надева на Аллаховата награда и верува во Судниот Ден и кој често го споменува Аллах”. (ел Ахзаб 21)
Ова е најубавиот и најдобриот пример. Аллах го испрати него со чистата вера и го воспити на најдобар начин, вели Возвишениот: “Ти си навистина на највисокиот степен на морал”. (ел Калем 4)
Во неговиот живот практицираше највисок морал и ги направи и другите тоа да го забележат. Вели Пратеникот: “Испратен сум да ги потполнам моралните вредности”. (Пренесува Малик во Муветта)
Неговата жена, Аиша (Аллах нека биде задоволен со неа) која го познавала Пратеникот подобро од Асхабите во аспектот на однесувањето, вели за него: “Неговиот морал беше Куранот”. (Пренесува Ахмед)
Тоа значи дека Пратеникот ги следил Неговите наредби и се оддалечувал од забраните. Пратеникот бил најпрв кој ќе ги следи пофалните атрибути во Куранот, и нема ниедно забрана или лошо што Куранот повикал за да се оддалечиме од тоа, Пратеникот ќе бил тој кој најмногу се оддалечил од тоа.
Во неговиот живот никогаш не удрил жена или дете!!!
Во спротивно со тоа, тој кој што го следи неговиот живот и размислува за Хадисите што ни се пренесени од него, јасно може да се види дека тој забранил да се удираат жените и децата и најостро предупредил на тоа. Вели неговата жена, Аиша: “Пратеникот никогаш не удрил со рака нешто, ни жена, ниту слуга, освен во борба на Аллаховиот Пат. Ниту се одмаздил на некого кој би му нанел неправда, освен кога ќе се кршеле Аллаховите граници, се одмаздил за Аллах”. (Пренесува Муслим)
Дури и неговите непријатели кои сакаат да го искриват неговиот повик и да ги одвратат луѓето од него, не можат да го потврдат тоа што е спротивно на она што го рековме.
Сега да видиме што велат за него најблиските и кои поминувале најмногу време со него, бидејќи нема сомнеж дека постојаното дружење со некого, ти го открива неговиот карактер. Вели Сафија бинт Хујеј: “Не сум видела никого со подобар карактер од Пратеникот”. (Пренесува Таберани)
Вели слугата, Енес бин Малик (РадијАллаху анху) кој го служел Пратеникот десет години: “Му служев на Пратеникот десет години, никогаш не ми рекол “Уф”, ниту да рече за нешто што сум го направил “Зошто си го направил?” И ниту за тоа што не сум го направил не ми рекол “Зошто не си го направил?”. Беше Пратеникот во најдобар морал”. (Пренесува Тирмизи)
Истотака вели: “Му служев на Пратеникот мнгу години и никогаш не ме пцуел, никогаш не ме удрил, никогаш не ме понижил, никогаш не ме погледнал со намуртено лице, и ниту да ми нареди нешто а јас тоа да го одолговлекувам па да ма критикува, а кога некој од неговото семејство би ме критикувал, тој би го повикал и би му рекол: “Оставете го, тоа што е одредено тоа ќе биде”. (ел Бегавиј)
Исламскиот пропис за удирање на жената?

Извор на Шеријатскиот Закон е Куранот и веродостојниот Сунет на Пратеникот. Од овие два извори ќе докажеме во која категорија спаѓа удирањето на жената: Дали тоа е Фарз, Мустехаб, Мубах, Мекрух или Харам. Во Хадисот кој се пренесува од Ијас бин Абдилах се вели дека Пратеникот рекол: “Немојте да ги удрите робинките на Аллах (т.е. жените)”. Па дошол Омер кај Пратеникот и му рекол: “Претерале жените над своите мажи”. Па Пратеникот дозволи да се удираат жените малку. Таа ноќ дојдоа кај Пратеникот мнугу жени да се жалат за своите сопрузи, па Пратеникот рекол: “Кај семејството на Мухамед дојдоа многу жени да се жалат за своите мажи. Тие (мажи) не се најдобрите меѓу вас”. (Пренесува ебу Давуд, ибн Маџе, ед Дарими)
Преку анализата на овој Хадис доаѓаме до следните заклучоци:
Овие зборови на Пратеникот во цитираниот Хадис не се изречени во едно време во едно место, туку били на три различни временски периода и во различни ситуации:

Првиот временски период: Во овој период рекол Пратеникот “Немојте да ги удирате робинките на Аллах “. И со ова е завршен првиот период и првата ситуација.
Спрема тоа секој кој ќе ги чуе овие зборови на Пратеникот ќе дознае дека удирањето на жената во Исламот е забрането заради забраната на Пратеникот (Мирот нека биде над него). Оној кој тоа ќе го стори е грешник и се смета за пртестапник заради непочитувањето на наредбата на Пратеникот.

Вториот временски период: Доаѓањето на Омер во времето кое не е исто време во коешто Пратеникот рекол “Немојте да ги удрите робинките на Аллах”, туку дошол Омер да се жали велејќи: “Претерале жените над своите мажи” тоа значи дека жените станале непокорни на своите мажи и сакаат да доминираат.
Во оваа ситуација Пратеникот дозволил да се удира жената земајќи ги во предвид животните околности без кои брачната заедница не може да опстане. Но каква е природата на оваа удирање?
Ова ќе го спомнеме во следниот Хадис. Третиот временски период: По фактот што Пратеникот дозволил да ја удри малце жената којашто е непослушна и непокорна, дошле кај него повеќе жени да се жалат за нивните мажи, па потоа вели Пратеникот: “Кај семејството на Мухамед дојдоа многу жени да се жалат за своите мажи. Тие (мажи) не се најдобрите меѓу вас”.
Во овој трет и последен период станува јасен прописот на Исламот по прашањето за удирањето на жената. Дали тоа е Мекрух (Непожелно) или е Харам (Забрането) доколку мажот ја преоѓа границата за која малку подоцна ќе ја објасниме.
Дали од текстот на Хадисот заклучуваме дека Пратеникот поттикнал да се тепа жената? Или дека Пратеникот го поздравил удирањето на жените? Во говорот на Пратеникот има прекор и негирање на доброто на оној кој ја удира својата жена. Другарите на Пратеникот (Божјата мир нека е над нив) го сфатиле говорот на Пратеникот и дознале дека тој којшто ја удира жената нема да го постигне задоволството или наклоноста на Пратеникот. Нема сомневање дека нешто што не му се допаѓа на Пратеникот тоа е сигурно во најголем степен на непожено дело, ако не и строго забрането (Харам).

Дали е можно удирањето на жените да премине од категоријата непожелни дела во строго забрането (Харам)?

Како што видовме првобитниот пропис на удирањето жени во Исламот е забрането. После тоа станува дозволено во случаи на постоење оправдани причини за тоа, за да на крај сепак да добие статус на непожелно дело. Но кога удирањето на жените е забрането? Удирањето на жените е строго забрането (Харам) кога мажот ќе посегне по жената без повод. Секој вид на насилство во Исламот е забранет ако станува збор за неправда или посегнување по некого без повод.
Вели Возвишениот во својата Книга кога предупредува на секој вид на неправда: “Оној од вас кој ќе стори неправда ќе му дадеме голема казна”. (ел Фуркан 19) Вели Пратеникот: “Чувајте се од неправдата, бидјеќи неправдата е темнина во Судниот Ден”. (Пренесува Бејхеки) Исламот забранува да се предизвикува штета некому, дури и таа штета да е само со зборови, вели Аллах: “Тие кои вршат клевета кон чесните невини вернички, се проклети во овој свет и во другиот, и ќе имаат голема казна”. (ен Нур 23)
Или ако би била таа штета од телесна природа, удар или слично, освен кога е со право. Вели Семоќниот Аллах: “Тие кои ги малтретираат верниците и верничките за нешто што тие не заслужиле, товарат на себе клевета и јасен грев”. (ел Ахзаб 58)
Или кога би станало збор за непријатности или јадење на богатсво на недозволен начин. Вели Аллах: “И не јадете го богатсвото едни на други на недозволен начин”. (ел Бекара 188)
Во ова се еднакви сите суштества: мажи или жени, млади ли стари, муслимани и неверници. Вели Пратеникот: “Муслиман е тој од чиј јазик и рака луѓето се сигурни”. (Пренесува Ахмед 7086, ен Несаи 4995 )

Тој што вели дека Исламот поттикнува на насилство и удирање на жената, тој изнел огромна клевета во Аллаховата вера.

Шеријатскиот пропис за оној кој ја удира жената
Исламското Правосудство го зема сериозно прашањето за удирање на жената и насилството врз неа од страна на мажот. Исламот вложува напор за да воспостави правда на тој начин што мажот кој е насилен или неправеден кон жената да се казни. Над него ќе се применат конкретни стапки на Шеријатското Право, тогаш кога ќе се покрене процес пред правосудството, како што е во случајот што следува:
Весникот “ер Ријад” на својата интернет страница со датум 12.12.2012 година го објави следното:
“Локалниот Суд во Катиф во Саудиска Арабија донесе пресуда против каж кој посегнал по својата жена и ја удирал. Нему му е пресудено казна со камшикување од 30 камшика што ќе се изврши на јавно место, така што тоа ќе биде поука за сите мажи кои се насилни спрема жените. Истотака во оквирот на пресудата влегува и пресудата која гласи дека тој е должен да заврши курс од десет дена во специјална институција за семејни проблеми. После тоа ќе полага писмен испит кој ќе се додаде во архивата на судскиот предмет”.
Во Исламската држава во која се суди со Шеријатско право, жените имаат право да подигнат тужба против своите мажи и да излезат на суд за да излезе правдата на виделина.
Суштината е во тоа дека разумниот муслиман кој оди по упатсвата на Исламот не е задоволен да и се чини неправда или насилство врз жената. Наредено ни е да простиме, да поминеме преку грешките, да бидеме трпеливи и меки, лошото да го вратиме со добро. Треба да се знае дека Исламот не го дозволува удирањето на жените, туку удирањето на жената го дозволил во ретки случаи кога се прави исклучок, и се тоа за да би се чувал бракот и општите морални норми.

Регулативи за воспитувањето со удар според исламското право

  • Постепеност во решавањето на проблемот. На тој начин што мажот ќе вложи максимален труд да го реши проблемот во етапите кои се пред ударот, а тие се: советувањето и бојкотот во постела.
  • Ударот да биде со мисвак или слично, чија должина и дебелина не е поголема од пенкалото.
  • Да не се удира по лицето или по чувствителите делови на телото. Исламот строго го забранува ударот по лице, било тоа маж, жена или животно. Лицето е предмет на почит, и секој удар предизвикува непријатност. Истотака е забрането намерно да се удираат чувствителните делови на телото. Ова се границите на Аллах, а тој којшто ги преминува е грешник.
  • Воспитувањето со овој метод да не биде пред луѓе кои гледаат. Такашто на мажот не му е дозволено да ја удира жената пред другите, а посебно не пред децата, бидејќи тоа е понижување за жената а исто и претставува лош пример за децата. Какво воспитување ќе им даде човекот на своите деца ако тој ја удира нивната мајка а тие гледаат или чујат!?
  • Ударот да не биде силен и да не остава никакви траги на кожата, како што е крварењето, или да остави последици како што се раните или скршениците. Ако мажот нејзе и предизвикува рана, скршеница или крв врз телото, тогаш тој маж влегува во категоријата на грешници коишто не сакаат нивните жени да се поправат, туку само сакаат да се одмаздат на нив. Таквиот маж во Исламското Право заслужува да се воспитува и законски да се казни.

Извор: Ислам Хоусе